• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Петрова: Власта на СДС и ДУИ досега потроши 27,8 милијарди евра и ништо не направи

26/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Петрова: Власта на СДС и ДУИ досега потроши 27,8 милијарди евра и ништо не направи

Петрова: Власта на СДС и ДУИ досега потроши 27,8 милијарди евра и ништо не направи

Клучното прашање е каде и како се потрошени јавните пари. Дали со трошењето на тие јавни средства се подобри благосостојбата и животот на граѓаните во Македонија? Дали со трошењето на јавните средства се подобри деловното опкружување за работа на компаниите во Република Македонија? Од одговорите на тоа прашање всушност можеме да видиме каква е способноста на владата на СДС и ДУИ. Одгвоорот е НЕ, не се подобри квалитетот на животот на граѓаните. Сите гледаме дека цените растат, се зголемува стапката на сиромаштија. Не се подобри деловното опкружување за работа на компаниите, нема раст на економијата, нема отворање на нови работни места, нема квалитетна работна сила- рече Елена Петрова, кандидат за технички заменик министер за финансии на денешната дебата „Важно е! Платформа за иднина“ на тема Важно е да имаме фер избори што се одржа денеска во хотелот Александар Палас во Скопје.

Таа потенцираше дека власта само со фалби го прикрива неодговорното и расипничко трошење, криминал и корупција.
– Во перидоот 2017-2023 година имаме просечен годишен раст на економијата од само 1,7%, што е најнизок во однос на сите земји, кои имаат двојно поголем раст на економијата од 3,5% просечно годишно. Ова е податок од извештајот на Светска Банка објавен на крајот на 2023 година. Сите земји се соочија со ковид, сите земји се соочија со енерегетска криза, условите секаде се исти или приближно исти, но само Македонија има ваква најниска стапка на економски раст- рече Петрова.

Петрова се осврна и на животниот стандард мерен преку БДП по глава на жител и посочи дека тој не е поместен.

– Со ова темпо ни требаат 60 години да се достигне стандардот во земјите од ЕУ. Инфлацијата, односно порастот на трошоците за живот од крајот на 2020 до крајот на 2023 е 30%. Порастот на цените на храната е 40%, а трошоците за комуналии се зголемени за 27%. Во такви услови при пораст на животните трошоци, реалната вредност на платите и пензиите што ги добиваме сите е помала- посочи Елена Петрова.

Таа рече дека во истиот тој период 2017-2023 година во државната каса по основ на даноци и други јавни приходи се собрани 24,4 милијарди евра, а владата на СДС и ДУИ во истиот тој период потрошила 27,8 милијарди евра.

Тоа е разлика од 3,4 милијарди евра повеќе потрошени средства во однос на она што е собрано од даноци и други јавни приходи. Тоа всушност е нов јавен долг кон кој во следните 5 години ќе има и дополнително оптоварување за отплата на камати по околу 350 милиони просечно секоја од годините. Ова темпо на пораст на јавниот долг е најголемо од осамостојувањето. Споредбено во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ во текот на десет години имавме зголемување на јавниот долг од 2,9 милијарди евра, а во време на владата на СДС и ДУИ во период од 7 години зголемувањето на јавниот долг е за 3,4 милијарди евра- истакна Петрова.

Петрова постави прашање каде се потрошени 27,8 милијарди евра во време на владеењето на СДС и ДУИ? Според податоците помалку од 10% од тие средства се потрошени на капитални инвестиции, а со голо око не може да се види ништо од овие средства.
– Не можеме да видиме никаков инфраструктурен проект, нема нов автопат, немаме нов клинички центар. Нема никаква инвестиција од сето она што е најавувано. Владата имаше намера само да одржува висока инфлација за да може да собира поголеми приходи, по основ на ДДВ , акцизи и царини. А во овие 7 години големи се трошоците за плата за јавната администрација која ненормално се зголемува- рече Петрова.

Според Петрова буџетот во време на оваа власт се сведе на буџет за плати и закрпување на дупки, без вложување во инфраструктура и продуктивни проекти.

Очекуваме дека ќе се соочиме со предизборни манипулации во трошењето на буџетските средства, а тоа се гледа и од самиот буџет за 2024 година, кој е креиран така да го овозможи тоа трошење со оној пакет на антикризни мерки. Тука се поставува прашањето за какви антикризни мерки станува збор сега во 2024 година. Тоа се мерки со кои владата сака да го прикрие своето неодговорно однесување со кое што во претходниот период им ги зголеми животните трошоци на граѓаните. За каква поддршка на пензионерите сега ќе стане збор, кога на пензионерите во претходниот период им беше ускратен растот на пензиите заради промена на методологијата и растот на пензиите не го следеше растот на инфлацијата и просечната плата- запраша Петрова.

Таа рече дека решенијата треба да бидат долгорочни и насочени кон причинителите на проблемите, а не кон справување со последиците, односно владата требаше да го решава проблемот со високата инфлација, а не со трансфери да ги прикрива последиците.
-Во мојот фокус ќе бидат исплатите на субвенциите, спроведувањето на јавните набавки кои не смеат да бидат надвор од плановите, вонредни исплати, нови вработувања, односно сите оние исплати треба да се контролираат во контекст на она што е забрана за употреба на буџетски средства и забранети дејствија во тек на предизборен период. Очекуваме пречки во спроведувањето на нашите надлежности, но уверуваме дека нема да има отстапки и со тоа да им покажеме на граѓаните дека ќе ја заштитиме нивната изборна волја- заклучи Елена Петрова, предлогот за заменик министер за финансии во техничката влада.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
„НЕ СЕ СВЕСНИ ШТО ДОАЃА“ Европа ја чекаат тешки времиња, остро предупреди Владимир Путин

„НЕ СЕ СВЕСНИ ШТО ДОАЃА“ Европа ја чекаат тешки времиња, остро предупреди Владимир Путин

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.