Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне околу 32 степени.
Според прогнозата на УХМР, во петок се очекува промена на временските услови под влијание на влажен бран. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, локално и пообилни, над 15 литри на квадратен метар. Во одделни подрачја врнежите ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер, а дневните температури значително ќе се намалат.
За време на викендот времето повторно ќе се стабилизира, со посвежи утра и постепен пораст на дневните температури. Ново локално дестабилизирање на атмосферата со можност за дожд и грмежи повторно се очекува во понеделник.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












