Алијанса за Албанците не побарала од техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу. Тоа се докажа и синоќа. Донесовме одлука дека го поддржуваме повикот на претседателот Арбен Таравари на следните избори да одиме со албанската опозиција, рече на прес конференција пратеникот Халил Снопче.
-Нашата одлука нема врска со партнерството во Владата. Ако се случи такво нешто ние немаме никакав обврска со договорите со оваа Влада. Со ова тие сами решаваат да не избркаат од Владата, нешто слично како што се случи во 2017 година. Ова се случува под диригентска палка на Артан Груби а нашите сопартијци кои не се согласуваат со Таравари сакаат да направат пуч во партијата. Дали ДУИ ќе има сега плус двајца министри, оти тие не се предлог на Алијанса – рече Снопче и ја предупреди СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски да внимаваат како се однесуваат.
Според Снопче, кадровската комисија може само да предлага до Централното претседателство на партијата, кое потоа треба да разгледа разрешување и избор на кадри, а не да предлага до Владата.
-Затоа велам дека е извршен пуч. Порака до Ковачевски да внимава бидејќи ние не сме должни да почитуваме никаков договор со СДСМ и Владата – рече Снопче.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












