• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЗНМ: Пратеникот Апасиев не смее да етикетира медиуми

04/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
ЗНМ: Пратеникот Апасиев не смее да етикетира медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) укажува на непримерна јавна комуникација од страна на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица кон телевизијата Канал 5.

Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2-ри март, меѓу другото го истакнува и следното:

Од сите куртон-медиуми, само (К)АНАЛ 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица!?“. Со оваа објава, Апасиев прави обид за дискредитација на медиумот Канал 5, а со користењето на вулгарни фрази може да се поттикне говор на омраза од страна на неговите следбеници. Ваквиот начин на обраќање кон медиумите од страна на лидери на политички партии е неприфатлив и истиот може да ја загрози сигурноста на медиумските работници.

Укажуваме дека политичарите треба да се одговорни во своите јавни настапи бидејќи тие се јавни личности кои придонесуваат во креирањето на јавно мислење, а со своите постапки можат да влијаат негативно врз граѓаните кои ги следат. Повторно истакнуваме дека доколку било кој политичар, или граѓанин, е незадоволен од конкретна новинарска или пак медиумска содржина, на располагање ги има медиумско само-регулативните механизми, и тоа: Советот на чест при ЗНМ и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Дополнително, потсетуваме дека ново формираното Координативното тело за пријавување и постапување по претставки за време на избори или референдум, постапува во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Политичката партија Левица е во неколкуте партии кои имаат потпишано пристапница за почитување на принципите на Кодексот на однесување во онлајн сферата за време на изборни процеси и референдуми, што претставува основен документ за работата на ова Координативно тело во рамки на медиумскиот регулатор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори
Uncategorized

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни
Uncategorized

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ
Uncategorized

(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ

06/06/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Uncategorized

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

28/05/2026
Почина познатиот актер Чак Норис
Uncategorized

Почина познатиот актер Чак Норис

20/03/2026
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Uncategorized

Седумдесетгодишна жена почина по сообраќајка во Струга

22/02/2026
Следна вест
Грција го чува македонското небо на „ДИВО“: Договорот не е ратификуван во грчкиот парламент, контролата ја презема Италија?

Грција го чува македонското небо на „ДИВО“: Договорот не е ратификуван во грчкиот парламент, контролата ја презема Италија?

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.