• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
A A
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Годинашното полагање на државната матура помина со значително помал број нерегуларности и подобра организација во споредба со претходните години, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања, таа истакна дека најголемиот дел од матурантите пристапиле одговорно кон испитите, додека организацијата била спроведена на високо ниво.

„Можеме да кажеме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир. Испитите беа организирани на соодветен начин, најчесто во големи простории, каде што можностите за нерегуларности беа сведени на минимум“, изјави Јаневска.

Според министерката, бројот на ученици кои биле отстранети од полагањето поради препишување е значително помал во однос на минатите години.

„Во двата испитни термина отстранети се околу шеесет ученици, што претставува сериозен напредок во спроведувањето на државната матура“, посочи таа.

Јаневска појасни дека станува збор за матуранти кои биле затекнати при препишување и веднаш биле исклучени од испитниот процес. Сепак, тие ќе имаат можност повторно да полагаат во следниот испитен рок што ќе се одржи во август.

Министерката се осврна и на новините воведени оваа година, посочувајќи дека за првпат бил применет модел со два вида државна матура, усогласени со различните наставни програми. Според неа, на овој начин е надмината досегашната нерамноправност меѓу учениците и е обезбеден поправеден пристап во оценувањето на нивните знаења.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори
Uncategorized

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ
Uncategorized

(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ

06/06/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Uncategorized

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

28/05/2026
Почина познатиот актер Чак Норис
Uncategorized

Почина познатиот актер Чак Норис

20/03/2026
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Uncategorized

Седумдесетгодишна жена почина по сообраќајка во Струга

22/02/2026
Масовна тепачка во центарот на Скопје
Uncategorized

Расправија за паркинг ескалираше во тепачка на гробишта во Ѓорче Петров

25/01/2026
Следна вест
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.