• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мора ли Владата да купува нови лимузини, што не земат од електричните направени во Тетово?

13/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A

Без што не може министер и останатите државни функционери во Македонија? Без голем кабинет и без голема лимузина.

Владата, која често повикува да се штеди, преку својата Служба за општи и заеднички работи, сега реши да троши државни пари токму за луксузни возила. Не и пречи што државата е сиромашна и што сега е предизборен период.

Се распиша оглас со кој државата под лизинг бара 45 возила од висока класа – луксузни, дизел, со црна или металик боја, со 2.000 сантиметри кубни моторна зафатнина, со минимум 7 брзини… за тригодишен период. Колку сето тоа ќе чини, ќе зависи од понудите што ќе се добијат, а владините служби ставија назнака дека „понудата нема да биде прифатена ако цената е невообичаено ниска“.

Инаку, со договорот од 2020 година, на пример, до сега потрошени се 1,75 милиони евра, за изнајмување на 45 „Шкоди суперб“. Праксата за изнајмување, инаку, почна во 2012-та година. Тогаш Владата набави 23 лимузини „Фолсфаген пасат“, за кои плати 860 илјади евра, а од 2013 до 2015 година за 42 „пасати“ плати 1,7 милиони евра. Од 2018 до 2020, сумата за возење на 46 министри, достигна 1,8 милиони евра…

Едноставно, многу пари се трошат. А сите се надевавме дека ќе штедат или дека барем ќе возат од новите електрични возила кои ќе се правеа во Тетово. Но…

Сега, ете, на само три месеци пред изборите било потребно на лизинг пак да се земат луксузни возила, кои по три години ќе му се вратат на операторот од кого се изнајмени. Објаснувањето коешто владините служби го дават сите овие години е исто: така им било поисплатливо, во тригодишниот период операторот е должен да обезбедува осигурување, сервис, регистрација, зелен картон, пренос на дефектното возило… Но, на јавноста никогаш не и стана јасно како тоа е посиплатливо да се земат возилата на лизинг, а не да се купат во трајна владина сопственост кога, на крајот, сумата што се плаќа за лизинг е само за неколку илјади евра помала од онаа која би се платила за купување на владиното возило. Таква економска анализа јавноста не ја виде. Претходниот состав на Антикорупциската комисија пред две години укажа на постоење на слабости во ваквиот вид на јавни набавки, дека нема економска анализа за оправданост, дека нема анализа зошто се набавува токму толкав а не помал број на возилата, дека нема соодветно планирање.

Тендерот пак се распишува дури и во предизборен период кога власта би требало да се воздржува од ваквите скапи набавки. Колку за илустрација, изборите беа распишани на 14-ти февруари, а овој тендер на 26-ти февруари. Не можеше ли тендерот да почека по изборите и зошто некому толку многу му се брза?

Мора ли Владата да купува нови лимузини, што не земат од електричните направени во Тетово?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија
Вести

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас
Вести

Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
Следна вест
Приказна за „датумот“: Конечно во ЕУ сфатија дека не е доволно само да ветуваат, ама…

Приказна за „датумот“: Конечно во ЕУ сфатија дека не е доволно само да ветуваат, ама…

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.