• Импресум
Sunday, July 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Приказна за „датумот“: Конечно во ЕУ сфатија дека не е доволно само да ветуваат, ама…

13/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Приказна за „датумот“: Конечно во ЕУ сфатија дека не е доволно само да ветуваат, ама…

Приказната за ЕУ и „датумот“ кој  Македонија го чека со децении уште трае. Евробирократите понекогаш ни прераскажуваат делови од сказната – сигурно ќе влезете во Унијата, а почесто ни повторуваат дека треба ова и ова и ова да го извршите, направите, смените… Некогаш во четивото додаваат и дека треба да затнеме нос и да голтнеме нешто што не било правично…

Во таквата приказна, високи функционери од Брисел раскажуваат дека „ЕУ е градина“, додека „добар дел од остатокот од светот е џунгла“.

Ќе трае уште оваа приказна или ќе напишат ново сценарио во Брисел оти веќе многумина слушачи од „џунглата“ сватија дека старата е лоша па и малку арогантна престава?

Да, Европската Унија понекогаш кога ќе види дека претерала со приказнава знае да каже дека е направена грешка со односот кон Македонија во процесот на нашата евроинтеграција, ама потоа пак си тера по старото. Едно ќе кажат, друго ќе прават.

Е, ова го забележала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и вчера изјави дека во ЕУ сфатиле…

– Не е доволно само да се каже дека вратата е отворена. Ние, исто така, мора да преземеме одговорност и да го поддржиме нивниот пат кон нашата Унија на секој можен начин. Ова е причината зошто го создадовме нашиот План за раст за Западен Балкан, рече Фон дер Лајен.

Како ќе оди реализацијата на Планот, останува да се види. Може овој пат навистина и нам ќе ни дозволат да се прошетаме низ „градината“? Но, и опасноста е пак иста: да се остане само на зборови за поддршка, а во пракса пак да не се прави она што е ветено и „градината“ да ја гледаме со двоглед. А, потоа, пак во некои нови светски геостратешки ситуации да се слушат истите зборови од Брисел: направивме грешка…, требаше вака…, сфативме дека…, многу сакаме да влезете во ЕУ…

Проблемот е што со ваквиот однос се губат драгоцени години во кои земји-кандидати стагнираат, не ги прават потребните промено, а ниту ЕУ не се загрижива околу тоа. Да беше поинаку, немаше да поминат цели пет години откако, на пример, Македонија ги доби првите признанија дека кон неа се прават грешки. Така, на пример, во 2019 година, по самитот на лидерите на ЕУ кога нашат земја и Албанија не го добија почетокто на преговорите, тогашниот претседател на ЕК Жан Клод Јункер и претседател на Европскиот Совет Доналд Туск најдиректно кажуваа дека „се работи за историска грешка“. Исто како што кажуваа и другите функционери, се до минатомесечната изјава на претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер кој изјави дека „Европската Унија правела грешки во процесот на проширување на Западен Балкан и не исполнила некои свои ветувања“…

На потег е „градината“. Се надеваме дека нема пак само задачи на „џунглата“ да дава. И во нејзините цветни дворишта има ќошиња кои треба да се средат од трња и коров.

Приказна за „датумот“: Конечно во ЕУ сфатија дека не е доволно само да ветуваат, ама…
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија
Вести

Нова расправија меѓу Османи и Муцунски околу патот кон Европската Унија

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас
Вести

Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
Следна вест
ВАЊА НЕ БИЛА ЗАДУШЕНА Обдукцијата покажа дека била убиена со истрел во главата од огнострелно оружје

Таткото на Вања со шокантна изјава

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.