Во Македонија старсоната граница за одење во пензија е 64 години, а просечниот животен век во државава е само 73 години за мажите, и 75 години за жените што значи дека, во просек, пензијата се користи до околу 10 години во животот а за да се соберат пари за старосна пензија се работи 35-40 години.
Ние имаме околу 330.000 пензионери корисници, 760.000 пензиски осигуреници плаќачи во фондот, и 2.000-3.000 уредувачи и пазачи на правилата. Пензискиот фонд нема пари од претходни уплати на вработените туку државата од буџетот, со години, дополнува 400-500 милиони евра секоја година. Каде исчезнале парите на пензионерите кои ги уплаќале додека работеле?
Многу европски земји прибегнаа кон зголемување на старосната граница за пензионирање, со цел да овозможат одржливост на пензискиот систем. Македонија реши да биде најумна во светот – па владата СДСМ/ДУИ ја намали старосната граница за пензија на 64 години за мажи и создаде плус пензионери.
На светско ниво просечната старост е 30,7 години, а во Македонија според последниот попис е 40,08 години, или во просек имаме за 10 и пол години постаро население. Ова значи се повеќе пензионери, а се помлаку вработени во балансот. Финално, тоа значи се помала пензија за пензионерите, а поголем износ на придонес во Фондот од платите на вработените.
Годишно, околу 9.000 лица се стекнуваат со право за старосна пензија. Државата пресметала дека, заедно со нив, бројот на пензионери во земјава заклучно со 31 декември 2023 година се искачил на 335,743-ца. Просечната пензија декември 2023. во Македонија од годината изнесувала 17.727 денари (288 евра)
Во групата во која се пензионерите со максимални примања во јули 2023-та имало вкупно 2.008 луѓе. Пензиите, од највисоката категорија, се движат од 37.537 денари до 49.360 денари.
Најголем дел од вкупниот број пензионери или вкупно 193.204 луѓе земаат пензии од 11.131 денар до 37.537 денари.
Помала група се пензионери кои имаат минимална пензија или од 8.716 денари до 9.189 денари месечено. Или во оваа група се пензиите на 93.493 пензионери.
Има и такви кои земаат под минималната пензија или до 8.716 денари. Толкава пензија земаат 23.998 луѓе.
Просечната пензија што ја добиваат највозрасните граѓани на Србија изнесува 39.874 динари (340 евра), а на сите им е јасно колку е мала оваа сума за сите животни трошоци што треба да се подмират во текот на еден месец.
Агелер по објавата за Јанева и Јакимовски: САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите вклучени во корупција
Агелер по објавата за Јанева и Јакимовски: САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите вклучени во корупција
Ахмети УТРЕ ЌЕ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРА СОРАБОТКАТА СО СЕЛА, Тачи, Хоџа…
Ахмети УТРЕ ЌЕ ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРА СОРАБОТКАТА СО СЕЛА, Тачи, Хоџа…
Просечната пензија, таа во соседна Црна Гора е 425 евра. Просечната пензија во Босна и Херцеговина (Федерација) е 247 евра, а во Република Српска 277 евра. Во Хрватска просечната пензија е 508 евра.
Разликите се големи, а цените на основните продукти во наведените држави се слични, некаде и пониски отколку во Македонија како цените на струја, основна храна…
Колку долго живеат останатите, ако ние живееме само 73-75 години
Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година.
По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019.
Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години.
Најкратон очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година.
Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.
Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.
Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроедба со 2018 кога изнесувал 76,7 години