• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ДОЈДЕТЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ И ДА ЈА СПРЕЧИМЕ ЧУМАТА Таравари ќе ги собере сите кандидати за претседател на едно место

18/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
ДОЈДЕТЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ И ДА ЈА СПРЕЧИМЕ ЧУМАТА Таравари ќе ги собере сите кандидати за претседател на едно место

Со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата. Оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна, порача кандидатот на „Вреди“ за претседател Арбен Таравари, повикувајќи ги сите останати кандидати за претседател на трибина што лично тој ќе ја организира во Тетово.

Следните недели до претседателските избори од 24 април, посочи тој, ќе ги искористам да ги ислушам и да се консултирам граѓаните за приоритетите како следен претседател на државата.

Рамазан е месец на рефлексија, каде со фокусирање на нашата вера, мораме да ги зајакнеме чувствата на солидарност и поддршка во нашата заедница, разговарајќи за тоа како можеме да работиме заедно за да ги надминеме предизвиците кои влијаат на нас како општество. А каде има поголем предизвик за нашето општество и нашите семејства од раната на емиграцијата што ги раздвојува семејствата и не одвојува од нашите најблиски?
Само во периодот 2011-2019 година, според владини извори, 700.000 граѓани ја напуштиле Северна Македонија или секој четврти граѓанин. Овие податоци се потврдени со пописот на населението од 2021 година, каде што, на пример, мојот Гостивар изгубил 36% од населението. Значи за двајца гостиварци во татковината имаме еден во егзил. Овој тренд се зголеми експоненцијално во текот на изминатите 5 години. Според некои податоци објавени од Институтот Арбен Џафери, само во 2021 и 2022 година во Германија заминале 85.000 граѓани на Северна Македонија, главно млади и квалификувани луѓе. Значи, со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата. Оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна. Мора да дејствуваме сега со заеднички разговори како ќе пристапиме кон овој егзистенцијален проблем на нашата земја – порача Таравари.

За таа цел, додаде тој, ќе организирам јавна трибина на тема спречувње на иселувањето. Трибината ќе се одржи во сабота, во 12.00 часот, во Општина Тетово.

– Ја користам приликата јавно да ги поканам сите претседателски кандидати да учествуваат на оваа трибина која третира тема што навистина ги засега граѓаните. Повелете, ве повикувам да разговараме за оваа приоритетна тема за сите нас и очекувам секој кандидат позитивно да одговори на поканата – рече Таравари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Следна вест
ШТО И НУДИ Украина на Европската Унија за да стане ЧЛЕНКА

ШТО И НУДИ Украина на Европската Унија за да стане ЧЛЕНКА

Најнови вести

УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.