• Импресум
Thursday, May 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јаневска: Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени

27/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Јаневска: Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени

Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средба со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи на која се дискутираше за актуелните состојби во образованието и заложбите за нивно подобрување, во интерес на создавање поквалитетни ученички генерации.

„Планираме историја, географија, граѓанско образование и други предмети повторно да се изучуваат како одделни предмети, а не како во моментов да бидат фузирани и да се создава конфузија кај наставниците и учениците кои навистина секојдневно се прашуваат по кој предмет имаат час. Материјата мора јасно да биде разграничена, како што е пракса и во најголем дел од земјите во Европа и пошироко“, рече Јаневска.

На средбата се дискутираше и за состојбата со учебниците, особено во основното образование каде недостигаат по голем дел од предметите. Јаневска рече дека се прават напори истите да се обезбедат за сите одделенија пред почетокот на новата учебна година, додека за средното образование тоа ќе се случува етапно во следните неколку години бидејќи ситуацијата е навистина катастрофална.

Соговорниците зборуваа и за употребата и проблемите при користењето на постојниот е-дневник, како и за придобивките од новиот кој вчера беше промовиран, а ќе се примени откако сите предуслови ќе бидат исполнети, што се очекува да се случи во текот на следната учебна година. Министерката посочи дека во овој преоден период од дигитализацијата на образованието, преку е-анкета ќе се слушне мислењето на наставниците за тоа дали во оваа фаза е потребно целосно укинување на хартиениот дневник или пак од корист би било пополнувањето на модифицирана верзија во која ќе се внесуваат само оценки и изостаноци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Британија се роди првото бебе од тројца родители
Вести

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
Барди ќе ги пропушти мечевите со Хрватска и Чешка
Вести

Капитенот Барди нема да игра против Босна и Турција

27/05/2026
Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
Вести

Вашингтон: Нема никаков договор или аранжман со Техеран

27/05/2026
Кои се најплатените професии во Македонија?
Вести

Месечни исплати од 3.000 денари како нова социјална мерка

27/05/2026
Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи
Вести

Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

27/05/2026
Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ
Вести

Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

27/05/2026
Следна вест
Обвинителката Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен, има штета од над 5 милиони евра

Обвинителката Раичевиќ: Случајот со ваучерите на АМС е специфичен, има штета од над 5 милиони евра

Најнови вести

Во Британија се роди првото бебе од тројца родители

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
Барди ќе ги пропушти мечевите со Хрватска и Чешка

Капитенот Барди нема да игра против Босна и Турција

27/05/2026
Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите

Вашингтон: Нема никаков договор или аранжман со Техеран

27/05/2026
Кои се најплатените професии во Македонија?

Месечни исплати од 3.000 денари како нова социјална мерка

27/05/2026
Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

27/05/2026
Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

27/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.