• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Охрид СОС“: Промените во Правилникот за урбанистичко планирање се против волјата на заедницата

18/08/2025
A A
„Охрид СОС“: Промените во Правилникот за урбанистичко планирање се против волјата на заедницата

Од „Охрид СОС“ истакнуваат дека ваквата постапка претставува упад во урбанистичкото планирање и како што велат, бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, без учество на јавноста.

Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ денеска изразија загриженост околу најавените измени на Правилникот за урбанистичко планирање во Охрид, кои предвидуваат одредени градби да се реализираат само со урбанистички проект, наместо со урбанистички план, промена која, според нив, ја елиминира јавната контрола и ја става животната средина и јавниот интерес во втор план.

Според измените, урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ќе може да се користи за изградба на објекти од државно и локално значење, како што се фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад.

Од здружението забележуваат дека овие проекти ќе се носат на база на просторни планови, без да се помине низ целата процедура на урбанистички план, која вклучува јавна анкета, партиципативно тело и одлучување во Советот на општина.

Од „Охрид СОС“ истакнуваат дека ваквата постапка претставува упад во урбанистичкото планирање и како што велат, бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, без учество на јавноста.

Тие нагласуваат дека ваквите проекти ќе доведат до експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште, претворајќи го во градежно без соодветна процедура и без јавна контрола.

„Охрид СОС“ испратија апел до Министерството за транспорт да ги повлече предложените измени и да ги елиминира можностите за изградба на овие објекти без јавна контрола. Тие нагласуваат дека урбанистичкото планирање треба да се базира на принципите на јавност, инклузивност и партиципативност, а не на економска оправданост за инвеститорот.

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ повикува на внимателно разгледување на предложените измени и побараа вклучување на јавноста во процесот на урбанистичко планирање. Тие апелираат до надлежните институции „да ја слушнат волјата на заедницата и да преземат одговорност пред историјата и идните генерации“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови
Вести

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож
Вести

Возачот на брза помош од Врање во тешка состојба, уапсен Македонецот кој го прегазил со камион

22/07/2026
Следна вест
Во тетовска Гимназија предвидени 8 паралелки, ама се запишале само 22 деца

Во тетовска Гимназија предвидени 8 паралелки, ама се запишале само 22 деца

Најнови вести

Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.