Алкалоид со негатива од 10 гола се враќа од првиот квалификациски дуел против фаворитот Хановер за пласман во групната фаза во Европската лига, откако на гостински терен беше совладан со 37-27.
Реваншот е закажан за 6. септември во салата во Автокомнда, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп со поддршка од домашната публика ќе има шанса да се покаже во подобро издание и секако да ја поправи реализацијата. На оваа средба, Алкалоид реализираше 5 од 10 седмерци.
Иако беше најавен директен пренос, сепак поради проблеми од страна на германска страна, на МРТ не се емитуваше мечот меѓу Хановер и Алкалоид.
Добра игра на избраниците на Кирил Лазаров во првите 15 минути од првото полувреме против фаворизираниот бундес-лигаш не беше изненадување, но неискористените шанси и бројните промашувања од чисти позиции, и проблемот со изведување на удари од седум метри на крајо си го сторија своето.