Албанскиот премиер Еди Рама повторно се огласи по протестите и барањата за негова оставка, порачувајќи дека нема намера да се повлече од функцијата. Тој истакна дека неговиот мандат е добиен од граѓаните на избори и дека не може да биде прекинат поради барањата на демонстрантите.
„Тие постојано повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, туку само моја оставка. Тоа е големо недоразбирање“, напиша Рама на платформата Икс.
Албанскиот премиер нагласи дека неговиот „договор“ не е со демонстрантите, туку со околу 800.000 албански граѓани кои му ја дале довербата на изборите, поради што, како што вели, нема причина да поднесе оставка.
Рама повторно ја искористи својата метафора за „фламинга“, „врани“ и „гаврани“, додавајќи дека го почитува правото на протест, но дека протестите не можат да го поништат изборниот легитимитет што го добил од гласачите.
Социјалистичката партија предводена од Рама е победник на сите парламентарни избори од 2013 година наваму. Ова е негов трет последователен мандат како премиер, а на минатогодишните избори обезбеди 84 од вкупно 140 пратенички места во албанскиот парламент.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












