Трагедијата на највисокиот врв во Европа доби уште потежок епилог. На планината Елбрус на Кавказ денеска беа пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, кои биле дел од седумчлена експедиција што побарала помош при спуштањето од планината, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација.
Според руските власти, телата се лоцирани, но поради исклучително лошите временски услови нивната евакуација сè уште не е извршена.
„Телата на уште три жртви се пронајдени и нивната локација е позната, но тие сè уште не се евакуирани поради лошо време“, изјавил извор за руската агенција РИА Новости.
Групата од седум државјани на Босна и Херцеговина самостојно се искачувала на Елбрус, без ангажман на професионален планински водич. Синоќа тие побарале помош од спасувачките служби, откако на височина од околу 5.100 метри не можеле да го продолжат спуштањето.
Спасувачките екипи и понатаму работат во исклучително тешки услови, а операцијата за евакуација ќе продолжи веднаш штом временските прилики ќе го дозволат тоа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












