• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Бошковска: Обезбедени се сите учебници и следува покачување на платите во образованието

01/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Подготвено ја започнуваме новата учебна 2025-2026 година. На сите ученици, на наставниците, стручните соработници им посакуваме многу успеси и нови достигнувања. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се погрижи да бидат обезбедени сите услови за квалитетна настава. Обезбедивме учебници за сите ученици. Истите се испорачани веќе во училиштата, а за прв пат нови учебници ќе има за странските јазици, нешто што ни недостасуваше во изминатите 7 години, вели Емилија Бошковска од Централна комисија за образование и наука.

-Инфраструктурните услови се доста подобрени и продолжуваат да се подобруваат. Владата и Министерството вложија 67 милиони евра во изградба на нови училишта, спортски сали и во реконструкција на постојните објекти. Во поголем дел од училиштата поставена е модерна информатичка опрема, вклучително и опрема за мрежно поврзување и безбеден интернет. Вештачката интелигенција станува дел од наставните содржини. За таа цел изготвено е упатство за наставници и ученици, за етичка примена на вештачката интелигенција за образовни цели. За прв пат во средните училишта се ангажираат 130 образовни асистенти кои ќе им помагаат на учениците со посебни образовни потреби. Во основните училишта ќе има над 1300 образовни асистенти, а воведено е и формално образование за децата кои се на подолго болничко лекување на детските клиники со што тие повеќе нема да губат настава, рече таа.

Надлежното министерство стави во употреба и нов електронски дневник, далеку посовремен и пофункционален од претходниот.

-Откако Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ го започна својот мандат, наставниците добија зголемување на платите од над 12 проценти. Следното покачување ќе изнесува помеѓу 7,5% и 10%, во зависност од степенот на инфлација, а ќе се случува во текот на учебната година, поточно во март 2026та година. Го враќаме достоинството на наставниците со јасен план и потпишана спогодба за раст на платите во секоја година од мандатот. Расте поддршката кон учениците, преку зголемени квоти на стипендии и покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади. Образованието е приоритет за оваа Влада и за ВМРО – ДПМНЕ. Буџетот за овој ресор годинава е најголем досега и изнесува речиси 40 милијарди денари, односно за 6 повеќе од лани. Застојот од изминатите 7 години е откочен. Промените се интензивираат, се следат глобалните трендови и стандарди, а квалитетот се зголемува. Најпосле образованието го добива заслуженото внимание и станува вистински ресурс на државниот просперитет, истакна Бошковска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
Координација во Собрание за измена на законите за нови министерства

Заем од 15 милиони евра за унапредување на основното образование, поддршка од Комисијата за финансирање и буџет

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.