• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Заем од 15 милиони евра за унапредување на основното образование, поддршка од Комисијата за финансирање и буџет

01/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Координација во Собрание за измена на законите за нови министерства

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска даде поддршка да се обезбедат 15 милиони евра заем како дополнително финансирање со кое ќе се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование.

Предлог законот за задолжување на државава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, беше усвоен со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски соопшти дека заемот е со рок на отплата од 12 години, грејс период од три години и каматна стапка шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон. Ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати, на 15 јуни и 15 декември секоја година со средства од Буџетот.

Проектот е почнат во април 2021 година, а ќе го спроведува единица која веќе функционира за таа намена во рамките на Министерството за образование и наука (МОН).

Министерството за финансии во соработка со МОН во декември лани достави до Светска банка барање за обезбедување дополнително финансирање во износ од 15 милиони евра како дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, како и продолжување на крајниот рок за имплементација. Државава како заемопримач има обврска да ѝ плати на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка еднократна провизија од 0.25 процети од износот на заемот, како и провизија од 0,25 проценти од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

Јанкуловски информираше дека се предлага крајниот рок за имплементација на проектот да биде 25 февруари 2027 година. Од вкупниот износ на заемот кој изнесува 21.500.000 евра, процентот на повлечени средства заклучно со јули годинава изнесува 94,27 проценти.

И покрај едногласната поддршка за законот, во текот на расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изнесоа спротивставени тврдења за заслугите за проектот, како и за конкретните резултати во изградба и реконструкција на училишта.

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи забележа дека за истиот закон за задолжување за градење на училишта сегашните пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ гласале против.

– Убава работа е што добиваме признание дека нешто што е направено претходно било добро и одлучиле да продолжат со спроведувањето. Во 2021 година кога е предложен ваков закон за задолжување за да се направат училишта истите пратеници што ќе гласаат денеска „за“ гласаа „против“, рече Битиќи.

Праша зошто нема листа со училиштата што ќе се градат и побара да се дебатира и за проекти од новата финансиска рамка на Светска банка од 700 милиони евра.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, образложувајќи зошто претходно биле против ова задолжување наведе „ставот тогаш беше јасен – бидејќи овие заеми се земаа да се крадат и тоа ќе се докаже од обвинителството“.

Стојаноски посочи дека со средства од Владата ќе се финансираат училишта секаде во државата. Истакна дека никој ништо не крие и оти седум нови училишта се градат само во последните 12 месеци, а 400 училишта се реконструирани во изминатите четири.

– И образованието има огромна компонента во локалната самоуправа. Граѓаните ќе кажат дали се задоволни или не за овие 14-15 месеци како се управува државата, рече Стојаноски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
Малолетници истепале доставувач на храна, му го одзеле ранецот, МВР експресно ги уапси

Скопјанка нападната и ограбена од поранешниот партнер додека била на работното место

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.