• Импресум
Thursday, July 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јаневска и Митески им доделија таблет уреди на четвртоодделенците во ОУ „Блаже Конески“

02/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Јаневска и Митески им доделија таблет уреди на четвртоодделенците во ОУ „Блаже Конески“

Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес. На доделувањето на таблет уредите во основното училиште „Блаже Конески“ денес заедно со градоначалникот Дејан Митески беше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која изрази задоволство што овој проект има континуитет и посака да продолжи и во иднина.

– Ова е одличен начин да им се овозможи на сите ученици еднаков пристап до современа информатичка технологија, пристап до онлајн извори на информации и бази на знаења. Сметам дека е особено важна мерка за поддршка за семејствата со пониски примања, кои можеби не можат да си дозволат и да им набават на своите деца ИТ уреди, а секако, ниту еден родител не сака неговото дете во тој поглед да биде различно од другите, рече Јаневска.

Потенцираше дека и Владата се грижи за осовременување на условите во училиштата подеднакво во сите општини.

– Во изминатите неколку месеци набавена е современа ИТ технологија, односно нови компјутери, интерактивни табли и уреди за мрежно поврзување и безбеден пристап до интернет во 80 училишта. Наскоро Владата ќе додели и ваучери за набавка на електронски уред за студентите, во износ од по 15 илјади денари, а знаете дека дигитализацијата на образованието се одвива многу побрзо кога визијата на Владата и на локалните самоуправи се совпаѓаат. Така е во моментов и така треба да биде во иднина, рече Јаневска.

Градоначалникот Митески е задоволен што оваа мерка е позитивно прифатена од граѓаните на Аеродром. Смета дека на најмладите значително им го олеснува процесот на стекнување знаења и затоа во план е нејзино продолжување. Годинава, информираше Митески дека се доделуваат таблети на 915 ученици во вредност од 6,5 милиони денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Томовски: Со СДС и ДУИ секој трет граѓанин е сиромашен

Томовски: Претходната власт која наместо да ги штити државните интереси, преку злоупотреба на државните механизми штитела лични интереси

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.