По историскиот пласман на главниот турнир на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не ја криеше радоста, истакнувајќи дека го остварила својот долгогодишен сон.
„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историјата, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот“, изјави Ѓорческа.
Тетовчанката посочи дека патот до ваков успех не бил воопшто лесен, особено поради ограничените услови за работа, логистичките предизвици и финансискиот товар со кој се соочуваат спортистите од помалите земји.
„Не е лесно да си од мала држава, поради целата логистика, условите за тренинг и финансискиот дел. Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце“, порача македонската тенисерка.
Ждрепката за првото коло на женскиот турнир на Вимблдон ќе се одржи утре, кога Ѓорческа ќе го дознае својот прв противник на најпрестижниот тениски турнир.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












