Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени во двата силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Венецуела. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, а властите предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.
Земјотресите ја погодија северна Венецуела, западно од главниот град Каракас, предизвикувајќи големи материјални штети и уривање на десетици објекти.
Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба и изрази сочувство до семејствата на загинатите. Таа изјави дека спасувачките служби спроведуваат интензивни операции во најпогодените подрачја, каде што голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати.
„Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Ова е вистинска трагедија“, изјави Родригез.
Меѓу најпогодените области е крајбрежната држава Ла Гуаира, која властите ја прогласија за зона на катастрофа. Во повеќе градови има прекини во снабдувањето со електрична енергија и сериозни оштетувања на инфраструктурата.
На социјалните мрежи се појавија бројни снимки од последиците од земјотресите. Една од нив прикажува целосно уривање на зграда во градот Диего Ибара, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани.
Venezuela 🇻🇪: Entire homes collapsed in the town of Diego Ibarra in Carabobo state. pic.twitter.com/UsllX7YEsm
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 25, 2026
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












