• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Интерпелацијата за Тошковски падна со 58 гласа против

24/06/2026
A A
Министерот Тошковски најави дека ќе има маалски полицајци

Собранието денеска не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, која ја поднесе опозициската Левица. За интерпелацијата гласаа 19 пратеници, додека 58 беа против.

Ова е втора интерпелација за Тошковски во последниот период. На претходната, одржана на 29 април, против интерпелацијата гласаа 72 пратеници.

За време на расправата, од новинарската галерија беше забележано дека пратеникот Љупчо Пренџов ги повикувал колегите од коалицијата „Вреди“, кои се упатуваа надвор од пленарната сала, да останат уште десетина минути за да ја проследат одбраната на министерот по излагањето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Во текот на дебатата, Левица и СДСМ упатија критики за, како што наведоа, неефикасност и политизација на полицијата, посочувајќи пораст на криминалот, убиствата, семејното насилство, сексуалните кривични дела и трговијата со деца.

Пратениците од опозицијата побараа оставка од министерот, оценувајќи дека треба да понесе политичка одговорност за безбедносните пропусти.

Тошковски, пак, истакна дека институциите работат и дека критиките се насочени кон оние кои преземаат активности. Тој повторно повика на емпатија кон семејствата погодени од трагедијата во Кочани и оцени дека барањата за негова оставка претставуваат обид за собирање политички поени врз туѓа несреќа.

Опозициските пратеници останаа на ставот дека министерот требало одамна да се повлече од функцијата поради, како што велат, низата безбедносни пропусти и скандали во изминатите две години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Саитов екстрадиран од Белград, ќе одговара за сообраќајната несреќа во Скопје

Саитов екстрадиран од Белград, ќе одговара за сообраќајната несреќа во Скопје

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.