Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД не се подготвени да прифатат договор со Иран по секоја цена, нагласувајќи дека Вашингтон има сериозни резерви кон можноста Техеран да воведе наплата за премин низ Ормуската Теснина.
За време на посетата на Бахреин во рамки на турнејата низ земјите од Персискиот Залив, Рубио порача дека евентуален договор мора да биде прифатлив и одржлив, а не резултат на отстапки по секоја цена.
Тој предупреди дека воведувањето патарини за користење на Ормуската Теснина би можело да предизвика сериозни последици на глобално ниво.
Според Рубио, доколку се дозволи наплата за користење на меѓународни водни патишта само поради нивната близина до одредена држава, таквата практика би можела да се прошири и во други делови од светот.
Во меѓувреме, Корпусот на Исламската револуционерна гарда предупреди дека нема да толерира неовластени преминувања низ Ормуската Теснина и упати закани кон бродовите кои нема да ги почитуваат пропишаните правила.
Ормуската Теснина останува едно од клучните спорни прашања во разговорите меѓу Техеран и Вашингтон. Станува збор за стратешки важен морски премин низ кој се одвива значителен дел од светската трговија со енергенси.
Според информации објавени од француски медиуми, меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран предвидува слободно поминување на комерцијалните бродови низ Ормуската Теснина во период од 60 дена по завршувањето на воените дејства.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












