• Импресум
Saturday, May 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јовановски: Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

29/10/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Јовановски: Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

Во „Тема на ден“ на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кој истакна дека во општината цели 12 години нема напредок и ситуацијата се движи во правец кој не води никаде, без инвестиции, истакнувајќи дека се потребни промени кои ќе донесат нови фабрики и проекти во инфраструктурата.

„Актуелниот градоначалник е 12 години тука, во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново, градот ни тоне во мрак, ни тоне во ѓубре, ни тоне во несигурност, да се размисли за кого ќе се даде гласот сепак ова одлучува за иднината на нашите деца а потоа и на нас. Јас сум човек кој сака градот да оди напред, проблемот е што нас ни треба човек што сака да работи и што е чесен, човек што ќе се посвети на градот и човек што ќе не води напред, не човек кој ќе се води по лични интереси, особено не по националистички интереси, нас ни требаат фабрики, ни требаат инвестиции, ни требаат крупни проекти ви инфраструктура“, рече Јовановски.

Кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски ги посочи трите приоритетни проблеми кои ќе ги решава со самото доаѓање на местото градоначалник, како што е проблемот со депонијата во центарот на градот, проблемот со кучињата скитници и изградба на стационар и проблемот со канализационата мрежа.

„Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една “претоварна“ станица за отпад или за ѓубре, во самиот центар на градот, значи тука буквално населението ни е отруено не само од миризба, така да топ проект ни е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде прво ќе го дислоцираме. Втор проект ни е да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња, јас имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар, вработување на стручни лица, институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник не го реши тоа. Третиот проект односно проблем кој ќе го решам е течењето на фекалии, пример општината Зајас денес нема канализација, имаат некој дел или крак меѓутоа две третини не се решени, по асфалтирани улички течат фекалии“, вели Јовановски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Во сабота е Митровденска Задушница: Традицијата вели веднаш штом се разбудите да направите еден обичај, а еден никако

Во сабота е Митровденска Задушница: Традицијата вели веднаш штом се разбудите да направите еден обичај, а еден никако

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.