• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Апасиев: Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК

03/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Апасиев: Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на вечерашната прес-конференција оцени дека резултатите од денешниот изборен процес „покажуваат дека опозициските тенденции во земјата се престројуваат позади Левица“.

Според партиските пресметки, Апасиев истакна дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски освоил околу 3.500 гласови повеќе во однос на првиот круг, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, добил над 30.000 дополнителни гласови.

– Од првиот круг, Орце од Драчево има освоено плус 3.500 гласа, што е само три отсто зголемување, додека Амар од Чаир има освоено плус 30.500 гласови. Ова само покажува дека опозициските тенденции веќе се престројуваат позади Левица. Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром – рече Апасиев.

Лидерот на Левица оцени дека владината коалиција потфрлила појаснувајќи дека ВРЕДИ ги изневерила очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, дел од неопределените избирачи направиле „неинтелигентен избор“ со тоа што не излегле на гласање. – Дури 66 проценти од нив не излегоа на гласање, тоа е многу неинтелигентно решение со ваков изборен модел. Да појасниме пластично, две третини од скопјаните не гласаа, една третина гласаа. Од тие една третина, само една петтина одлучија за сите нас – рече лидерот на Левица.

Апасиев испрати и порака до гласачите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кои ги повика да се приклучат кон Левица за, како што вели, да извојуваат победа на наредните парламентарни избори.

–Ве пуштија низ вода, ја предадоа Струмица и Карпош. Предадени сте од корумпираното раководство. Престројте се позади нашиот бајрак за да ги победиме ВМРО-ДПМНЕ на наредните парламентарни избори – порача Апасиев.

Доколку не се измени Изборниот законик и Левица не добие свој член во Државната изборна комисија, Апасиев најави дека ќе има „пекол“ во законодавниот дом. – Ви ветуваме дека ќе имате пекол во Собранието, доколку не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во Државната изборна комисија, рече Апасиев.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, пак, во своето обраќање им се заблагодари на гласачите и активистите, оценувајќи дека Скопје се разбудило и дека „се создава ново политичко движење“.

– Во создавањето на ова движење кое веќе го имаме низ улиците на Скопје, во овие 60.000 луѓе кои се одважија да ја изберат нашата опција, го имаме огледалото за иднината на Скопје. Скопје се разбуди, Скопје одлучи дека може да се гласа и да се избере поинаку – порача Мециновиќ најавувајќи дека партијата ќе продолжи со засилена активност во Собранието.

Додаде дека Левица во изминатите два месеци постигнала нешто што претходно било незамисливо.

– После сето ова што се случи во Град Скопје, ние ќе се вратиме во Парламентот уште посилно. Сакам да им порачам на сите 60.000 луѓе кои го дадоа гласот за мене, следните две и пол години имате глас во Собранието. Јас ќе бидам вашиот глас, гласот на ова движење кое го создаваме. ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште пожестока борба од понеделник – изјави Мециновиќ упатувајќи честитка до скопјани за изборот на новиот градоначалник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Следна вест
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Молк во штабот на СДСМ, почнаа да се даваат и да се бараат оставки

Најнови вести

Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Пожарот во Франција зафати 2.000 хектари, евакуирани речиси 12.000 луѓе

23/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Топол ден пред новата промена на времето

23/07/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.