• Импресум
Saturday, November 15, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Наталија, сопругата на Андреј од ДНК со емотивна изјава на „Марш на Ангелите“

15/11/2025
A A
Наталија, сопругата на Андреј од ДНК со емотивна изјава на „Марш на Ангелите“

Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство, туку како што вели, тие бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале.

„Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот. Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен а не бил“, вели таа.

Наталија порача да се утврди вистината каде се случиле пропустите.

„Кој не реагирал? Кои институции задоцнија? Кој ја имал должноста да спречи, а а не спречил? Бараме посебна анкетна комисија затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овој пат е сокриена. Анкетната комисија е неопходно да го обезбеди следново: сите факти да излезат на виделина; проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво; да се утврди евентуална политичка или службена одговорност; да се подготват мерки коишто ќе спречат и и ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе никому нема да му се случи“, вели сопругата на Андреј од ДНК, Наталија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сестрите на невестата решија да го пробаат зетот пред свадбата – ако добие ерекција ништо од свадбата (ВИДЕО)
Uncategorized

Сестрите на невестата решија да го пробаат зетот пред свадбата – ако добие ерекција ништо од свадбата (ВИДЕО)

06/11/2025
„Ја убил Катарина, па му покажал на брата си што сторил“: Страотна исповед на мајката на осомничениот за убиството кај Лесковац
Uncategorized

„Ја убил Катарина, па му покажал на брата си што сторил“: Страотна исповед на мајката на осомничениот за убиството кај Лесковац

04/11/2025
УХМР вечерва ја објави најновата прогноза – еве какво време не очекува следните денови
Uncategorized

УХМР вечерва ја објави најновата прогноза – еве какво време не очекува следните денови

03/11/2025
Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите скопјани
Uncategorized

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите скопјани

30/10/2025
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Uncategorized

Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

09/10/2025
ТАВ Македонија: Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт
Uncategorized

ТАВ Македонија: Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт

29/09/2025
Следна вест
Три мега скандали во еден ден ја тресат Владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ разреши двајца функционери, едниот е осомничен за криминал

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.