Ракометарите на Вардар 1961 обезбедија пласман во плејоф фазата од ЕХФ Европската лига, откако вечерва славеа убедливо на гостувањето кај хрватскиот Сесвете со 38-24. „Црвено-црните“ со оваа победа ја потврдија доминацијата во групата Ф, и тоа на едно коло до крајот од групната фаза.
Вардар уште од стартот ја презеде контролата врз натпреварот, а високото водство од 23-12 на полувреме му овозможи мирна завршница и рутинска игра до последниот свиреж во Загреб.
Најефикасни во тимот беа Урош Митровиќ со седум погодоци и Виктор Јанковски со шест, додека голманот Милош Валах блесна со 11 успешни интервенции.
Со триумфот, Вардар ја задржа лидерската позиција и веќе обезбеди едно од двете први места кои носат пласман во Топ 16. Во последното коло, на 2 декември, македонскиот тим во Скопје ќе го пречека француски Тулуз.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













