• Импресум
Monday, May 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Д-р Николов: Филипче е најповиканиот на одговорност

18/09/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Д-р Николов: Филипче е најповиканиот на одговорност

Зоран Заев и Венко Филипче се најповикани за случајот во Тетово каде што изгоре модуларната болница. Засега никој не одговара, ниту не превзема одговорност, ниту дава оставка, ниту некакви точни одговори, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поминаа десет дена откако изгоре модуларната болница во Тетово. Има 14 жртви, можеби и повеќе, а се уште не се знаат никакви детали. Надлежните не покажаа ниту трунка морал, ниту трунка доблест. Се уверивме дека за нив човечкиот живот не значи ништо, а одговорност е мисловна именка. За нив ништо не значат човечките животи, не чувствуваат морална одговорност, оставки не даваат, освен што играат во ПР орото на Зоран Заев. Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори наместо да молчат. За почеток, кој е крив што се уште нема одговор од кој материјали биле изградени модуларните болници? Кој е крив што она што требало да издржи два часа во најлош случај, изгоре за две минути? Има повеќе прашања на кои што и понатаму се чекаат одговори, на кои што Зоран Заев и Венко Филипче заедно со директорите од ДУИ мораат да одговорат. Прво, како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?, прашува Николов.

Тој додава, второ, дали министерството за здравство побарало и наложило спецификации и соодветни стандарди за градба на модуларните бараки? Стандарди според кои во нив ќе можат да се лекуваат пациенти и по 24 часа во текот на денот, во услови во ваква модуларна градба.

-Трето, колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува на добиениот производ? Четврто, зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита? Петто, дали е нормално здравствена заштита во состојба на епидемија во инфективна болница да даваат членови на семејства на пациентите? Каде да пријават тие кои што тврдат дека им е барано мито? И дали е барано мито за нега и грижа за болните? Кој од власта се заканува на роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува и им сугерира и кажува што да сведочат? И последно, што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче поднесат оставки и ја ослободат истрагата?Едноставно е, и тоа го знае секој оној кој има малце морал и малце чувство на одговорност фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината. Потребен е морал, доблест и етика. Функциите се менливи и минливи. Оставките се ДОБЛЕСТ! На потег е Зоран Заев и Венко Филипче за доброто на народот и за доброто на системот, вели Николов

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот, кажа Сиљановска-Давкова
Вести

Претседателката со честитка за 24 Мај: Јазикот е колективна меморија на еден народ

24/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и традиција

24/05/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати
Вести

Филипче: Македонскиот јазик е рамноправно признат во Европската Унија

24/05/2026
Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван
Вести

Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван

24/05/2026
Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица
Вести

Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица

24/05/2026
„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите
Вести

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
Следна вест
Заев за Рашковски: Не треба да се обвинува секој што патентирал систем и бесплатно го отстапил на државата

Дуел Мицкоски – Заев вечер на Канал 5 - KOJ ЌЕ ПОБЕДИ?

Најнови вести

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот, кажа Сиљановска-Давкова

Претседателката со честитка за 24 Мај: Јазикот е колективна меморија на еден народ

24/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и традиција

24/05/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати

Филипче: Македонскиот јазик е рамноправно признат во Европската Унија

24/05/2026
Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван

Познат идентитетот на напаѓачот кај Белата куќа: Претходно бил приведуван

24/05/2026
Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица

Судири по студентскиот протест во Белград, полицијата приведе 23 лица

24/05/2026
„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.