Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави.
Како што информираат од НАТО, Шекеринска денешниот ден ќе го помине во Бостон, каде што ќе се обрати на настан организиран од Центарот „Белфер“ при школата за јавна политика „Харвард Кенеди“.
Во вторник таа ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе учествува на Трансатлантскиот форум на Парламентарното собрание на НАТО, на кој ќе има и свое обраќање.
Посетата ќе заврши в среда со учество на дебата во рамки на Безбедносниот форум во Аспен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












