Проектот „Безбеден град“ ќе биде официјално пуштен во работа на 1 февруари 2026 година, соопшти Министерството за внатрешни работи, објави „360 степени“. Ова значи дека системот нема да стартува на првично најавениот датум – 1 јануари, туку неговото активирање се одложува за еден месец.
Според информациите, ваквото пролонгирање покажува дека МВР има потреба од дополнително време за тестирање и фино калибрирање на сложената платформа. Одложувањето доаѓа и по новинарското тестирање на системот, кое покажало дека некои сегменти сè уште не се целосно подготвени за оперативна работа.
Иако од Министерството не откриваат детали за досегашните резултати, уверуваат дека „Безбеден град“ ќе биде активиран само кога ќе биде стабилен, сигурен и во целост функционален.
„Безбеден град“ се смета за еден од најважните проекти за дигитализација и модернизација на јавната безбедност, кој опфаќа нови видео-надзорни системи, автоматски технологии за препознавање и подобрена координација меѓу службите. Целта е создавање побезбедна урбана средина и побрза реакција на институциите во реално време.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












