Од друга страна, Владата дава цврсти уверувања дека не се разговарало ниту ќе се разговара за тоа Македонија да прими мигранти кои Велика Британија ги смета за неподобни. Од Брисел такво уверување даде и министерот Панче Тошковски објаснувајки дека ниту размислува Македонија да стане центар за мигранти или локација за отворање мигрантски кампови.
Претходно во јавноста излезе и Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која истакна дека според информациите што ги има и од британскиот амбасадор пласираните тези за мигрантите се неточни.
Вчера премиерот дури ја заложи и својата политичка кариера ако Филипче докаже дека има мигрантски проблем во Македонија.
„Оставам простор Венко Филипче да бара низ Македонија и да најде мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија или било каков договор. Ако најде еден, јас трајно ја напуштам политиката, рече Мицкоски.
Останува да се види дали Филипче тргнал да ги бара мигрантите или и по овие цврсти уверувања ќе продолжи да ја наметнува темата – мигранти.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












