Рускиот претседател Владимир Путин упати остри навреди кон европските лидери, нарекувајќи ги „прасиња“ кои, според него, сакале да профитираат од колапсот на Русија. Тој го обвини поранешниот американски претседател Џо Бајден дека свесно ја започнал војната во Украина, додавајќи дека „европските прасиња“ веднаш ја поддржале американската политика.
Путин изјави дека Европа сакала да врати нешто што го изгубила во претходните историски периоди и да ѝ се одмазди на Русија, но дека тие планови целосно пропаднале. Според него, Русија ја покажала својата стабилност во економијата, финансиите, внатрешнополитичката состојба и во сферата на одбранбениот капацитет.
Тој порача дека Русија е подготвена за дијалог со Европа, но дека тоа нема да биде можно со сегашната генерација европски политичари. Во исто време ја пофали руската армија, оценувајќи дека „никој во светот нема армија толку добра како руската“, која, како што рече, сега е и искусна во војување.
Министерот за одбрана Андреј Белоусов изјави дека главна задача за следната година е зголемување на темпото на руската офанзива во Украина, додавајќи дека Русија во 2025 година потрошила 5,1 отсто од бруто домашниот производ за војната.
На крајот, Путин се закани дека Русија ќе заземе уште украинска територија со сила доколку Киев и европските политичари не ги прифатат американските предлози за мировен договор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












