По промените во раководството на СДСМ, со свој став на социјалните мрежи се огласи поранешниот висок функционер на партијата, Петре Шилегов.
Во својот статус, Шилегов направи споредба меѓу актуелната внатрепартиска состојба и македонското право, алудирајќи дека по празниците ќе отвори сериозни прашања насочени кон актуелното лидерство на СДСМ.
„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!!“, напиша Шилегов во објавата.
Тој дополнително појасни дека неговиот став бил јасно разбрано од јавноста, наведувајќи дека за краток временски период добил голем број телефонски повици. Во продолжение, експлицитно порача дека бара оставка од претседателот на СДСМ, нагласувајќи дека неговото барање е недвосмислено и директно.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












