Полициски службеници од СВР Скопје привеле повеќе лица осомничени за недозволено поседување наркотични средства, меѓу кои и 73-годишен жител на главниот град.
Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, акциите биле спроведени на 6 јануари 2026 година на повеќе локации низ Скопје. Притоа од слобода биле лишени А.К. (31), Б.А. (73) и А.Н. (46), сите од Скопје, како и М.М. (26) од Берово.
При полициските контроли кај приведените биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, за кои постои сомнеж дека се наркотични средства.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против инволвираните лица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










