• Импресум
Friday, July 10, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски од Чешиново- Облешево: За 100.000 евра колку што чини автомобилот на Заев може да се купи 400.000 килограми оризова арпа

30/09/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски од Чешиново- Облешево: За 100.000 евра колку што чини автомобилот на Заев може да се купи 400.000 килограми оризова арпа

Ова не се обични локални избори, ова не се само избори кога избирате кој ќе биде градоначалник во Чешиново – Облешево, ко ќе го има мнозинството во Советот, тоа е многу значајно за развојот на општината но немојте да заборавите дека на овие избори вие во суштина избирате колку побргу ќе имаме промена на централната власт во Македонија и колку побргу овие политички криминалци, измамници кои што денеска се во Владата ќе одговараат. Ќе дојдат овде во Чешиново – Облешево и ќе зборуваат дека се најдоброто, а во суштина се најлошото“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чешиново – Облешево.

Мицкоски додаде дека кога ќе се гледаат митинзите на СДСМ, може да се заклучи дека истата плоча од претходните избори од 2020-тата година, од претседателските избори 2019-тата, од локалните 2017-тата, па дури и од 2016-тата година ја вртат. Од СДСМ заборавиле дека се на власт пет години, говорат на митинзите како се уште да се опозиција, за се ВМРО-ДПМНЕ им е виновно.

„Од власта направија многу зулум, многу криминал, се обогатија на грбот на македонскиот напатен народ“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секој ден се слуша како Зоран Заев на митинг само вика, писка небаре е опозиција. Митингот на СДСМ наликува како Николовски се јавува на Заев да го извести дека не нашол 29 килограми расипан путер туку како да нашол 290 тони расипан путер.

„17-ти октомври е денот кога народот овој пат гласно ќе зборува, и народот овој пат ќе ги прати во политичка пензија, ќе имаме огромна победа на изборите, а потоа следи нова Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. И се разбира голема одговорност ќе има уште во првите 100 дена“, вети Мицкоски.

Мицкоски рече дека зејтинот пред една година беше 67 денари за литар, а сега е 95 денари. Млекото да речеме беше 45 денари, а сега е 55 денари. Килограм брашно беше 34 денари, а сега е 40 денари. Токму цените покажуваат колку граѓаните најдобро живеат со СДСМ на власт.

„А, кога станува збор со тоа какво е однесувањето на првиот човек во Владата, на премиерот, само ќе ви дадам еден пример, пред некој ден бев во Ресен, таму тој го промовираше своето ново возило, најнова марка на БМВ. Тоа возило на премиерот чини отприлика 100.000 евра на пазарот, и со тие 100.000 евра точно можете во Ресен по онаа продажна цена на јаболка кое што денеска се откупува да купите ни помалку, ни повеќе точно 3 милиони килограми ресенско најквалитетно јаболко“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека според цената по која се откупува оризова арпа, значи дека за 100.000 евра колку што чини автомобилот на Заев може да се купи 400.000 килограми или 400 тони.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово
Вести

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата
Вести

СЗО алармира: Епидемијата на ебола во ДР Конго сè уште се шири

10/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко
Вести

Зеленски: Пекинг испратил јасна порака до Москва за нуклеарната закана

10/07/2026
Дамјан и Војдан Стојановски остануваат во МЗТ Скопје
Спорт

Дамјан и Војдан Стојановски остануваат во МЗТ Скопје

10/07/2026
Стојаноски: Опозицијата сè уште не одговорила на нашиот предлог за Изборниот законик
Вести

Стојаноски: Опозицијата сè уште не одговорила на нашиот предлог за Изборниот законик

10/07/2026
Ноќна кражба во Скопје: Насилно отворен банкомат во трговски центар
Вести

Ноќна кражба во Скопје: Насилно отворен банкомат во трговски центар

10/07/2026
Следна вест
Јорданов со повик до граѓаните: Приклучете се во борбата, излезете гласајте на 17-ти октомври за да се стави крај на лагите, криминалот и корупцијата на СДСМ

Јорданов со повик до граѓаните: Приклучете се во борбата, излезете гласајте на 17-ти октомври за да се стави крај на лагите, криминалот и корупцијата на СДСМ

Најнови вести

По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата

СЗО алармира: Епидемијата на ебола во ДР Конго сè уште се шири

10/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко

Зеленски: Пекинг испратил јасна порака до Москва за нуклеарната закана

10/07/2026
Дамјан и Војдан Стојановски остануваат во МЗТ Скопје

Дамјан и Војдан Стојановски остануваат во МЗТ Скопје

10/07/2026
Стојаноски: Опозицијата сè уште не одговорила на нашиот предлог за Изборниот законик

Стојаноски: Опозицијата сè уште не одговорила на нашиот предлог за Изборниот законик

10/07/2026
Ноќна кражба во Скопје: Насилно отворен банкомат во трговски центар

Ноќна кражба во Скопје: Насилно отворен банкомат во трговски центар

10/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.