„Се создава правна рамка за воспоставување авиосообраќај од македонските кон аеродромите во Саудиска Арабија, информира Министерството за транспорт и објасни дека веќе е започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со таа држава.
Целта на Спогодбата, како што појаснија, е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија, со која ќе се создадат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците, преку поттикнување на конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










