Македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва од 21 часот го игра првиот натпревар од 1/16 финалето во УЕФА Конференциска лига против турскиот претставник Самсунспор.
Тетовчани во одлична атмосфера го дочекуваат европскиот предизвик, по позитивните резултати во изминатиот период, а очекуваат и силна поддршка од трибините.
– Атмосферата е одлична и имаме две победи, но она што е поважно подготвени сме за предизвикот. Очекуваме поддршка од трибините. Нашиот сон веќе е исполнет, но секој човек сака повеќе. Ние сме подготвени да го дадеме најдоброто од себе, изјави капитенот Бесарт Ибраими.
Пласманот во плејоф фазата од Конференциската лига претставува значаен успех за Шкендија и нова можност за потврда на европската сцена.
Натпреварот ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 21 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












