Бизнисменот Ацо Ѓукановиќ е уапсен откако полицијата извршила претрес во неговата семејна куќа во никшиќката населба Растоци.
Според неофицијални информации, на Ѓукановиќ му биле ставени лисици откако при полицискиот претрес биле пронајдени три пушки, полициска опрема и панцир. Претресите на неговиот имот траеле со часови, а акцијата се спроведувала и во Подгорица и во Никшиќ.
Претходно, полицијата ја опколила зградата во центарот на Подгорица каде што живее Ѓукановиќ, кој е брат на поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Акцијата е спроведена по налог на Основното државно обвинителство, додека официјално соопштение од надлежните институции се очекува дополнително.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












