Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е преместен на безбедна локација и моментално не се наоѓа во Техеран, потврди официјален претставник. Според медиумските извештаи, и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се наоѓа на сигурно место.
Информацијата доаѓа откако Израел соопшти дека започнал „превентивен напад“ врз Иран, при што во главниот град Техеран биле пријавени повеќе експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека операцијата има цел да ги елиминира заканите по безбедноста на државата, по што во Израел била прогласена вонредна состојба на целата територија.
Воената операција е именувана „Рикот на лавот“, а називот го одобрил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во меѓувреме, ирански претставници најавуваат силен одговор, предупредувајќи дека евентуалната одмазда ќе биде „разорна“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












