Собрание на Република Македонија денеска на 90. седница треба да одлучува за избор на нови заменици на министрите за одбрана и за образование и наука.
Предлогот за заменик-министер за одбрана е Адмир Шабани, поранешен портпарол на Државна изборна комисија, додека за заменик-министер за образование и наука е предложен Дритон Сулејмани, кој претходно бил советник во Општина Куманово и портпарол на коалицијата „Вреди“.
На дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Според образложението, измените имаат за цел ажурирање на целосната евиденција во Катастарот на недвижности и инфраструктура, со прецизно утврдување на локациите на сите електронски комуникациски мрежи и средства.
Со ова, како што се наведува, би се овозможило поефикасно, полесно и побрзо одржување на мрежите, како и спречување евентуални штети при идни градежни зафати или поставување опрема на локации каде веќе постои електронска комуникациска инфраструктура.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












