Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан испратил протестна нота до Иран поради балистичка ракета која навлегла во турскиот воздушен простор, објави Анадолу, пренесе Ал Џезира.
Фидан ја пренел пораката за време на телефонски разговор со неговиот ирански колега Абас Арагчи, при што нагласил дека треба да се избегнуваат потези што би можеле дополнително да го прошират конфликтот.
Претходно, Министерство за одбрана на Турција соопшти дека системите за воздушна одбрана на НАТО пресретнале балистичка ракета лансирана од Иран. Според информациите, проектилот паднал во округот Дортјол, во близина на Средоземното Море, без да има жртви или повредени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












