Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (5 март) делови од Општина Карпош ќе останат без електрична енергија во текот на неколку часа.
Според информациите од РЦУК Скопје, прекин во снабдувањето со струја ќе има на повеќе локации.
Во Општина Карпош без електрична енергија од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Дрезденска“ бр. 5 и на улицата „Панче Пешев“.
Во населбата Горно Нерези, пак, дел од корисниците ќе останат без струја во периодот од 10:30 до 13:30 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












