Полицијата во Скопје поднесе кривична пријава против 56-годишен државјанин на Естонија, осомничен за тешко кривично дело против малолетно лице.
Како што соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, односно Одделението за крвни и сексуални деликти, поднела кривична пријава против Т.Т. (56) од Естонија поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Според информациите, осомничениот во различни периоди и во повеќе наврати извршувал недозволени полови дејствија врз 14-годишен малолетник.
Полицијата извршила претрес во домот каде што престојувал на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
По преземените мерки, од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.












