• Импресум
Thursday, May 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Нови закони и правилници за заштита на жртвите од семејно насилство, најави Тошковски

06/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Министерот Тошковски најави дека ќе има маалски полицајци

На иницијатива на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. Настанот го следеа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор.

Министерот Тошковски потенцираше дека семејното и родово базираното насилство е долгогодишен проблем кој треба да се третира отворено, со цел институциите, граѓаните и целото општество да се фокусираат на ефективни решенија.

„Првата тема што сакам да ја отворам денеска, по препорака на експертите, е како институциите да реагираат веднаш во ситуации на семејно насилство. Насилникот, без оглед на сопственоста на домот, треба да биде изолиран и отстранет, додека семејството, особено децата, да биде заштитено и да се спречат дополнителни штетни последици“, нагласи министерот.

Тој истакна дека секој граѓанин кој забележи потенцијално семејно насилство треба веднаш да ја информира полицијата, потенцирајќи дека полициските службеници ќе продолжат да постапуваат со максимална посветеност во спречувањето на сите форми на насилство, особено заштита на малолетни лица.

По дискусијата, министерот ги сумираше клучните заклучоци од тркалезната маса. Тој најави дека веќе следната недела ќе се состане Националното координативно тело, составено од претставници на релевантните институции и невладиниот сектор, за да се дефинираат брзи законски измени.

„Ќе работиме на измени на повеќе закони за поефикасно институционално постапување и побрза заштита на жртвите, меѓу кои Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, Законот за полиција и Законот за бесплатна правна помош. Од понеделник, Граѓанскиот суд ќе воведе 24-часовно дежурство за побрзо изрекување мерки за заштита на жртвите. Планирани се меморандуми за соработка со невладиниот сектор и донесување правилник за континуирана едукација на вработените во институциите кои постапуваат по случаи на родово базирано и семејно насилство“, изјави Тошковски.

Министерот изрази очекување дека овие процеси ќе се реализираат во најкраток рок и ќе придонесат за поефикасна и посистемска заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари
Вести

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

18/05/2026
Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите
Вести

Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите

18/05/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Прекин во водоснабдувањето во Центар – се санира дефектот

18/05/2026
Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик
Вести

Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

18/05/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Продолжуваат дипломатските обиди за решение на иранската нуклеарна криза

18/05/2026
Сончево и топло со локална облачност
Вести

Променливо облачно време со сонце и можен дожд

18/05/2026
Следна вест
Санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар

Поткуп во Куманово: полициски службеник под истрага

Најнови вести

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

Аеродромци тргнаа кон 13-та титула: МЗТ го совлада Маџари

18/05/2026
Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите

Македонија го слави Меѓународниот ден на музеите

18/05/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Прекин во водоснабдувањето во Центар – се санира дефектот

18/05/2026
Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

Втор протест на албанските студенти за правосуден испит на албански јазик

18/05/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Продолжуваат дипломатските обиди за решение на иранската нуклеарна криза

18/05/2026
Сончево и топло со локална облачност

Променливо облачно време со сонце и можен дожд

18/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.