Полицијата приведе 18-годишник од тетовско село откако физички нападнал свој соселанец, а потоа со автомобил го удрил додека пешачел.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил пред угостителски објект во селото Јажинце. По меѓусебна расправија, младото лице најпрво физички го нападнало својот соселанец.
По нападот, осомничениот се качил во автомобил и со возилото го удрил оштетениот додека тој се движел пеш. По пријавата, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 18-годишникот.
Возилото било одземено, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












