Пожар вечерва избувна во близина на населбата „Гоце Делчев“ во Охрид, на локацијата позната меѓу граѓаните како „Бараки“, каде што огнот зафатил сува вегетација.
На терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица, кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење.
Густ чад се издига од опожареното подрачје и е видлив од повеќе делови на Охрид, при што зафати и дел од околните населби.
Засега нема информации дали огнот претставува опасност за блиските станбени објекти, ниту дали има повредени лица.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а повеќе информации од надлежните служби се очекуваат по завршувањето на интервенцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











