Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, раководството на шампионатот во Формула 1 одлучи да ги откаже трките кои беа планирани да се одржат во овој регион.
Според првичниот календар, во април требаше да се возат трките во Бахреин и Саудиска Арабија, но поради воените случувања и нестабилната ситуација во регионот, тие нема да се одржат.
Оваа одлука ќе направи подолга пауза во календарот на шампионатот. Последната трка пред планираното преселување на Блискиот Исток ќе се одржи во Јапонија на 29 март.
Со новонастанатата ситуација, следната трка по јапонската ќе биде дури на 3 мај во Мајами, што значи дека Формула 1 ќе има пауза од околу еден месец
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












