Министерството за надворешни работи на Турција остро ја осуди израелската копнена операција во Либан, оценувајќи ја како сериозно кршење на меѓународното право и на суверенитетот на таа земја.
Од Анкара предупредија дека ваквите воени дејствија носат ризик од продлабочување на кризата на Блискиот Исток и можат да доведат до сериозна хуманитарна катастрофа, со дополнително нарушување на регионалната стабилност.
Турското Министерство за надворешни работи ја обвини владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ги проширува своите политики на „геноцид и колективно казнување“ врз либанскиот народ.
„Уште еднаш изразуваме солидарност со Либан пред овие напади“, се наведува во соопштението на турската дипломатија.
Од Анкара додаваат дека новиот бран насилство ги поткопува напорите за постигнување мир и го турка регионот во уште поопасна фаза.












