Сообраќајна несреќа во која учествувале три возила се случила попладнево на улицата „Бутелска“ во скопската населба Бутел.
Според првичните информации, во несреќата биле вклучени патничко возило „ауди“, едно такси возило и службено возило на ЕВН.
Инцидентот предизвикал застој во сообраќајот во двата правца, додека на местото веднаш пристигнала полицијата и започнала увид за утврдување на причините за несреќата.
Засега нема информации за повредени лица или жртви, а надлежните служби работат на целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












