• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЛШ: Реал Мадрид го елиминира Манчестер Сити со драма на „Етихад“

17/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
ЛШ: Реал Мадрид го елиминира Манчестер Сити со драма на „Етихад“

Реал Мадрид повторно успеа да го елиминира Манчестер Сити во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, славејќи во реванш осминафиналето со 2:1 на „Етихад“ и потврдувајќи го триумфот од првиот меч (3:0) кој ги однесе во четвртфиналето.

Манчестер Сити добро започна, создавајќи неколку стопроцентни шанси, но не успеа да го погоди голот на Тибо Куртоа. Клучниот момент се случи во 20. минута кога Бернардо Силва со рака го сопре ударот на Винисиус, судијата му покажа црвен картон и досуди пенал. Винисиус го реализираше ударот за водство на Реал од 0:1, што го најави исходот на натпреварот.

Домаќините успеаја да израмнат преку Ерлинг Халанд во 41. минута (1:1) и имаа неколку шанси во првите 10 минути од вториот дел, но резултатот остана непроменет. Реал остана без првиот голман Куртоа поради повреда, но резервистот Лунин го оправда довербата со неколку одлични интервенции. Во последните секунди од продолжението Винисиус го постигна својот втор гол и го обезбеди пласманот на „Лос Бланкос“ во четвртфиналето.

Во другите натпревари, ПСЖ повторно го декласира Челзи, овој пат на гостински терен во Лондон, со високи 0:3. Парижани дојдоа до водство уште во 6. минута преку Кваратсхелија, а веќе во 14. минута Баркола зголеми на 0:2, што претставува рекорд за Челзи, никогаш досега не примиле два гола во првите 14 минути на меч од ЛШ. Конечните 0:3 ги постави Мајулу во 62. минута, а навивачите на Челзи масовно го напуштија стадионот.

Арсенал ја спаси честа на англиските тимови. На реванш дуелот со Баер (Л) пред домашните навивачи, „топчиите“ доминираа и обезбедија победа од 2:0, што беше доволно за пласман меѓу осумте најдобри. Езе го отвори резултатот во 36. минута со моќен удар, а Деклан Рајс во 63. минута го постави конечниот резултат и потврди пласманот на Арсенал во четвртфиналето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Репрезентативците на Мароко ќе ги донираат на сиромашни семејства сите парични награди од Светско

Титулата на Африка одземена од Сенегал, ново славје во Мароко

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.