На поранешниот вицепремиер Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во рамки на истрагата за злоупотреби поврзани со Државна лотарија на Северна Македонија, потврдија од скопскиот Кривичен суд.
Според судот, мерката е продолжена по барање на Обвинителството, при што на Груби му е определен домашен притвор со 24-часовен полициски надзор.
Груби, кој по повеќе од една година отсуство се врати во земјата кон крајот на февруари, е осомничен заедно со поранешниот директор на Лотаријата, Перпарим Бајрами, во случај поврзан со набавка на ВЛТ апарати, каде според проценките на МВР државниот буџет бил оштетен за над 8 милиони евра.
Истрагата сè уште е во тек, а Груби досега не дал исказ пред јавен обвинител. Неговата одбрана, како што соопштува адвокатот, е во завршна фаза на разгледување на доказниот материјал.
Поранешниот функционер претходно беше ставен и на „црната листа“ на САД поради сомнежи за корупција, што дополнително се поврзува со пошироката предистрага на надлежните институции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












