Екипата на ТФТ ја продолжи победничката серија и остана на врвот на табелата во МТЕЛ Суперлигата, откако синоќа славеше против Гостивар со 87:82, во натпревар од 21. коло.
Гостивар беше рамноправен противник во најголемиот дел од средбата, а на седум минути до крајот имаше и значајна предност од 72:61. Сепак, домашниот тим успеа да се врати во игра и со одлична серија од 12-0 во завршницата го сврте резултатот во своја корист.
Најефикасен кај ТФТ беше Георги Зафиров со 18 поени, додека најефикасен на натпреварот беше Јован Црниќ од редовите на Гостивар со 25 поени.
Со оваа победа, ТФТ останува лидер на табелата со 40 бодови, пред МЗТ Скопје Аеродром кој има 37, додека во горниот дел следуваат Пелистер со 34 и Кожув со 31 бод.
Во рамки на ова коло, денеска на програмата се два натпревари во Скопје – Феникс ќе се соочи со Маџари (12 часот), додека Ангели ќе играат против Чаир (17 часот).
Утре се игра и големото дерби на македонската кошарка, во кое ќе се сретнат МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (19 часот), а на програмата се и дуелите МКК Куманово – Кожув и Пелистер – Тиквеш Голден Игл.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













